Фудбалската репрезентација на Македонија падна од 62. на 72. место на најновата ранг листа на ФИФА, на чиј врв останува Белгија, додека новиот европски шампион Италија уште е зад Англија, репрезентацијата која ја победи за европската круна.
Причина за падот на листата, секако, се трите порази кои македонската репрезентација ги забележа во своето прво историско учество на Европското првенство, во Австрија, Украина и Холандија.

