26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Deliveroo“: Побарувачката за достава на храна не опаѓа

„Deliveroo“: Побарувачката за достава на храна не опаѓа

Компанијата за испорака на храна „Deliveroo“ објави дека вредноста на нарачките на нејзината платформа е двојно зголемена во првата половина од годината и дека компанијата не почувствувала значајно влијание од отворањето на рестораните на нејзиниот најголем пазар – Велика Британија, во вториот квартал.

Извршниот директор Вил Шу рече дека растот останува силен и за нарачките од ресторани и од продавници, иако некои од мерките наметнати од пандемијата на коронавирусот беа олабавени.

„Побарувачката на потрошувачите е голема“, рече тој. „Ја зголемивме базата на клиенти. Гледаме дека луѓето продолжуваат да нарачуваат често и ние веќе работиме со повеќе продавачи на храна од која било друга платформа во Обединетото Кралство“, вели Шу.

Компанијата, која ги поврзува потрошувачите со повеќе од 136.000 ресторани и 9.000 продавници за храна во Велика Британија и 11 други земји, рече дека нејзината бруто-трансакциска вредност се зголемила за 102% до 3,386 милијарди фунти (4,68 милијарди долари).

Германскиот ривал „Delivery Hero“ се здоби со 5,09% од акциите во „Deliveroo“ во минатата недела, со што цената на акцијата на британската компанија се зголеми на највисоко ниво од објавувањето во март.

Шу тврди дека немал никакви разговори со Никлас Остеберг, неговиот колега во „Delivery Hero“, откако беше објавен договорот.

Вредноста на акциите на „Deliveroo“, кои беа проценети на 390 пени на првичната јавна понуда, падна за 1,3% на 359 пени на почетокот на трговскиот ден.

Компанијата соопшти дека нејзиниот приход во првото полугодие се зголемил за 82 проценти на 922,5 милиони фунти, а оперативната загуба паднала на 27 милиони фунти од 30,3 милиони фунти од пред една година.

„Deliveroo“ ја одржува годишната прогноза за раст од 50-60% во бруто вредноста на трансакциите, а годишната бруто профитна маржа ќе биде во долната половина од опсегот од 7,5-8%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП