18 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПретставен новиот телефон на „Xiaomi“ (ВИДЕО)

Претставен новиот телефон на „Xiaomi“ (ВИДЕО)

Кинескиот производител „Xiaomi“ одржа презентација и го претстави телефонот „Xiaomi Mi Mix 4“.

Новиот „Xiaomi“ има 6,67-инчен AMOLED екран, со 2400 x 1080p резолуција-„Dolby Vision“, HDR10 +, 10-битна боја, сензор за отпечатоци од прст во екранот. Исто така, „Mi Mix 4“ доаѓа со „Gorilla Glass Victus“ заштита, која го штити екранот.

Уредот работи на чипсетот „Snapdragon 888+“, а исто така ќе има „LPDDR5 RAM“ и „UFS 3.1“ меморија.

Што се однесува до батеријата, телефонот ќе се напојува со батерија од 4.500mAh, со 120W за брзо и 50W за безжично полнење.

Неговиот оперативен систем е базиран на „Android 11“ и ќе користи „MIUI 12.5“ оперативен систем.

Новиот „Xiaomi“ ќе има квадратен систем со камери.

Главната камера има 108 мегапиксели, која користи сензор „Samsung ISOCELL GN1“. Новиот „Xiaomi“ има и скриена селфи камера под екранот, со 20MP. Тука е и перископската камера од 50MP со 5X оптички и 120X дигитален зум, како и камера од 13MP.

Постојат две верзии, со 128 и 512 GB внатрешна меморија. Телефонот е водоотпорен и доаѓа во моделите „Shadow Ceramic Grey“, „Ceramic White“ и „Ceramic Black“. Телефонот со 128 GB ќе чини 770 долари, додека со 512 GB ќе чини 970 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП