Откако Пари Сен-Жермен денеска потврдија дека успеале да го донесат Лионел Меси на двегодишен договор, вечерва се појавија и првите фотографии и видеа на Аргентинецот во дресот на францускиот клуб.
Нешто што сигурно ќе ги „боде“ очите на навивачите на Барселона, кои се навикнати да го гледаат Лео само во нивниот дрес и понекогаш во дресот на аргентинската репрезентација.

