Веќе нема сомнеж, Лео Меси е нов играч на Пари Сен-Жермен, се пофали францускиот гигант на својата официјална страница.
Таткото на Меси, и негов агент, Хорхе веќе потврди дека неговиот син потпишува за ПСЖ, каде што му обезбеди двегодишен договор со опција за уште една сезона. Меси ќе прифати намалување на платата од речиси 50 отсто, и ќе добива околу 35 милиони евра по сезона.

