24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПотврдено: Тесла го одложува Cybertruck за 2022 година

Потврдено: Тесла го одложува Cybertruck за 2022 година

Купувачите кои го резервираа својот примерок веднаш по премиерата во 2019 година, ќе треба да чекаат за испорака повеќе од две години.

По минатонеделните шпекулации дека почетокот на производството на електричниот камионет Cybertruck ќе се одложи за 2022 година, потврда за оваа вест пристигна од Тесла.

При објавувањето на финансиските резултати за вториот квартал, беше кажано дека производството ќе започне во Остин, Тексас, по моделот Y, но без да се наведе конкретен датум.

Во меѓувреме, онлајн конфигураторот е ажуриран, наведувајќи дека заклучувањето на нарачките ќе биде можно само со почетокот на производството во 2022 година.

За потсетување, Tesla Cybertruck беше претставен во ноември 2019 година, што значи дека сите оние кои веднаш го резервираа својот примерок ќе треба да чекаат за испорака повеќе од две години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП