Новак Ѓоковиќ ја почна 333. недела на првото место на АТП-листата. Српскиот тенисер, на второто место на вечната листа, во двете конкуренции (АТП и ВТА), ја престигна Мартина Навратилова.
Гледајќи ги остварувањата во двете конкуренции, пред Ѓоковиќ се наоѓа само Штефи Граф. Легендарната Германка на чело на ВТА листата била 377 недели.

