19 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКонзола на која не можете да одолеете – „PlayStation 2 handheld“ (ВИДЕО)

Конзола на која не можете да одолеете – „PlayStation 2 handheld“ (ВИДЕО)

„GingerOfOz“, „докторот за конзоли“, претстави нова конзола која ја претвори во „handheld“.

„PlayStation 2“, најдобрата конзола на сите времиња според мислењето на многумина, беше ставена во „handheld“ која потсетува на „Nintendo Switch“ и направи нешто за што не треба да жалите да потрошите ниту пара.

На проектот се работеше два месеци и беше направена една спектакуларна работа за сите љубители на старите игри со „PS2“ и за сите гејмери ​​кои ги привлекува носталгијата кон старите времиња.

Се разбира, копчињата се исти како и на џојстикот за „PS2“, и овој изум е наречен „PS2 Eclipse“.

Дисплејот е од пет инчи и работи во резолуција од 480p, а конзолата работи на батерии, која трае два и пол часа.

Може да имате 4.000 игри на него, а интересно е што работи на хардвер од „PS2“, што можете да го видите во видеото.

Имаме вградени звучници, приклучок за слушалки, на дисплејот можеме да видиме колку трае батеријата, а креаторот вели дека контролите се само мал проблем и дека понекогаш знаат да се „забавуваат“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП