Благоја Милевски ја имаше промоцијата како нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија. Селекторот на У21-репрезентацијата на функцијата во сениорскиот тим дојде на местото на Игор Ангеловски. Најупсшниот македонски селектор, Ангеловски, ја напушти селекторската функција по елиминацијата на Македонија од Европското првенство.
Милевски ќе биде 18. селектор или в.д. селектор во историјата на македонската репрезентација. Зад себе има настап на Европското првенство со У21-репрезентацијата.

