ПочетнаИНТЕРЕСНОЈовановска деветта во кати на ОИ

Јовановска деветта во кати на ОИ

Македонската каратистка Пуликсенија Јовановска не успеа да ја мине првата фаза во натпреварот во кати, на карате турнирот, на Олимписките игри.

Јовановска оствари резултати 23,8 и 24 поени (просечна оценка 23,9), што беше доволно за деветто место од вкупно десет каратистки кои се натпреваруваа во оваа дисциплина.

Македонската претставничка беше последна во својата група, а најдобар резултат оствари Сандра Санчез од Шпанија (27,86).

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП