Пума, спонзорите на уругвајската фудбалска репрезентација, со допис до Уругвајската фудбалска асоцијација (АУФ) откри дека ФИФА им наложила да отстранат две од четирите ѕвездички над уругвајскиот грб пред Светското првенство во 2022, предизвикувајќи бура од реакции во оваа мала јужноамериканска земја.
Уругвај во историјата има освоено две светски првенства во 1930 и во 1950 година, но тие ги сметаат и победите на Олимпијадите во Париз во 1924 и во Амстердам во 1928, кои тогаш беа сметани како светски шампионати.

