Бразилскиот фудбалер Нејмар (29) ги минува летните денови во популарната шпанска Ибица каде ужива во друштво на разголени убавици. Но, овој пат вниманието не го украдоа убавиците на јахтата, туку неговиот нов изглед.

Иако во моментов е втор најплатен фудбалер во светот, ова не го спречи Нејмар да се здебели неколку килограми по завршувањето на сезоната. Папарацо-фотографиите ги шокираа неговите фанови кои не се воопшто одушевени и го бомбардираа со негативни коментари на социјалните мрежи.


