Брутална навивачка пресметка синоќа се случи на улиците во Загреб помеѓу навивачи на Динамо и Легија Варшава.
Според снимките што се појавија на социјалните мрежи, пресметката меѓу хулиганите била претходно договорена. Тепачката била жестока, хулиганите користеле метални шипки и палки. Уништени биле неколку кафулиња.

