Најдобриот играч на Тотенхем, Хари Кејн, штрајкува со надеж дека клубот ќе му дозволи траснфер. Кејн решил да ја искористи оваа најнепопуларна метода, откако претходно од клубот рекоа дека не постои џентлменски договор на фудбалерот да му се овозможи трансфер.
Хари Кејн, во неделата се врати од одмор, а вчера не се појави во тренинг кампот на Тотенхем. Потврдата дека Кејн решил да го игнорира клубот, стигна денес. Напаѓачот повторно не се појавил во клупскиот тренинг камп.

