23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКаматните приходи ја набилдаа добивката на Стопанска банка АД Скопје

Каматните приходи ја набилдаа добивката на Стопанска банка АД Скопје

Во текот на првата половина од 2021 година Стопанска банка АД Скопје продолжи со успешно работење. Како резултат на тоа, на крајот на јуни 2021 година добивката пред оданочување изнесува 1.215.788 илјади денари, што е зголемување за 15 проценти во споредба со истиот период од претходната година. За истиот период, вкупната актива на Банката останува речиси непроменета во износ од 105.655.161 илјади МКД.

Стабилните фундаменти на Банката, изразени преку високата капитална и ликвидносна позиција, успешниот бизнис-модел, прудентниот пристап во управувањето ризиците, како и воспоставените принципи на добро корпоративно управување, овозможуваат и во услови на големи предизвици и негативни влијанија од пандемијата на ковид-19 Банката да продолжи со долгогодишното успешно работење и да остварува високи резултати.

Нето-приходите од камати изнесуваат 1.888.986 илјади МКД и се зголемени за 3 проценти, во однос на истиот период од минатата година, што е резултат на зголеменото кредитно портфолио и намалените расходи за камата поради надолниот тренд на каматните стапки.

Нето-приходите од провизии и надомест изнесуваат 391.733 илјади денари и се зголемени за 11 проценти во однос на првото полугодие од 2020 година како резултат на зголемениот обем на активности, пред сè во делот на платниот промет.

Нето-приходите од курсни разлики се зголемени за 28 проценти во однос на истиот период од минатата година и изнесуваат 61.073 илјади МКД како резултат на зголемениот волумен на тргувања на девизниот и на менувачкиот пазар.

Другите приходи од дејноста забележаа зголемување од 39 проценти и изнесуваат 189.887 илјади МКД.

Оперативните трошоци (трошоци за вработени, амортизација и други расходи) во првиот квартал од годината изнесуваат 881.922 илјади денари и се незначително зголемени за 1 процент во однос на минатата година, најмногу поради зголемените трошоци предизвикани од примената на мерките поради пандемијата на ковид-19.

Во анализираниот период, СБ издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, на нето-основа во износ од 443.383 илјади денари, која е речиси на исто ниво со истиот период од претходната година.

Добивката по оданочување изнесува 1.094.209 илјади денари.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП