Минатата година „Apple“ ја претстави својата прва линија телефони со поддршка за 5G и овој тренд се очекува да продолжи и со годинашните модели. „Nikkei Asia“ сега посочува дека „iPhone“ линијата на компанијата за следната година ќе се состои целосно од 5G модели.
Тоа вклучува и редизајниран „iPhone SE“, со чипсет A15 и 5G врска. Се предлага телефонот да го задржи „LCD“ панелот од 4,7 инчи и ќе има куќиште во стилот на „iPhone 8“, а се очекува да биде претставен во текот на првата половина на 2022-ра година.

