28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Johnson & Johnson“ очекува да продаде вакцини за 2,5 милијарди долари во...

„Johnson & Johnson“ очекува да продаде вакцини за 2,5 милијарди долари во 2021-ва

Компанијата „Johnson & Johnson“ ја зголемија прогнозата за приходите за 2021-ва година и објавија дека годинава очекува продажба на вакцини против Ковид-19 во вредност од 2,5 милијарди долари. Компанијата се обидува да се справи со проблемите во своето производство и безбедност и да ги достигне своите конкуренти „Pfizer“ и „Moderna“.

Иако вакцината „Johnson & Johnson“ е со единечна доза беше одобрена во САД неколку месеци по „Pfizer“ и „Moderna“, прогнозата за продажба на вакцините сепак е бледа во споредба со конкурентите и го одразува растечкиот јаз во трката со вакцини.

„Pfizer“ и „Moderna“ предвидуваат годишна продажба на вакцини од 26 милијарди и 19,2 милијарди долари, соодветно.

Вакцината на „J&J“, која некогаш се сметаше за важна алатка за вакцинирање во тешко достапните области, е најмалку користена во Европа во споредба со другите одобрени вакцини. Таа исто така, се соочува со тешкотии во САД.

„J&J“ очекува да продаде помеѓу 500 и 600 милиони дози на вакцини во оваа година, изјави финансискиот директор Џозеф Вок за „CNBC“.

Компанијата ја зголеми годишната прогноза за продажбата, водена од продолжувањето на продажбата на единицата за медицински помагала и зголемената побарувачка за лекови за болести како што се псоријаза и Кронова болест.

Приходите од одделот за медицинска опрема на компанијата скокнаа за 62,7 проценти на 6,98 милијарди долари, поддржувајќи ги резултатите во вториот квартал.

Компанијата сега очекува годишен приход од продажба во опсег од 93,8 милијарди до 94,6 милијарди долари, вклучувајќи средства за вакцините и од 91,3 до 92,1 милијарди долари за остатокот од бизнисот.

Претходно предвидуваше приходи од 90,6 милијарди до 91,6 милијарди долари.

„J&J“ во второто тримесечје забележа 164 милиони долари продажба на својата вакцина против Ковид-19. Во истиот период, таа заработи 2,48 долари по акција, надминувајќи ја просечната прогноза на аналитичарите од 2,27 долари по акција, според „Refinitiv“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП