23 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕРодители, престанете да ги изложувате децата на непотребен ризик!

Родители, престанете да ги изложувате децата на непотребен ризик!

Дете кое безгрижно брчка во плиткото и не носи костим за капење, не го забележуваат повеќето луѓе. Сепак, има луѓе кои бараат токму такви деца, тие тајно ги посматраат и ги снимаат и треба да бидеме внимателни – предупредуваат експертите.

Експертите предупредуваат на однесувањето на родителите кои можат да ги изложат своите деца и децата на други луѓе на непотребен ризик.

Објавување фотографии од децата на социјалните мрежи

Само објавување фотографии на социјалните мрежи не е проблематично. Родителите често сакаат да споделуваат среќни моменти со пријателите и семејството. Но, проблемот е кога овие профили се јавни (достапни за секого, дури и за оние кои не се на социјалните мрежи). Родителите треба прво и најважно да се погрижат доколку веќе објавуваат фотографии од своите деца, тоа да го прават само за затворен круг на луѓе на кои им веруваат.

Фотографии со локација

Покрај објавувањето сликите, луѓето честопати ја поставуваат локацијата каде што се. Иако некои го прават тоа по автоматизам и без размислување, всушност, на овој начин тие јасно им покажуваат на луѓето што ги демнат децата, каде се тие деца и им даваат можност да дојдат и да ги демнеат во живо.

Споделување информации за деца

Како што не би му кажале на странец на улица лични информации за вас или вашето дете, така треба да вежбате да се воздржувате од споделување информации на интернет или на социјалните мрежи. Сексуалните предатори лесно можат да дознаат на профилите на нивните родители кога им е роденден на децата, кои се нивните хобија, кога и каде одат на тренинзи или натпревари, во кое училиште одат и слично.

Време е за годишен одмор. Уживајте во сонцето и морето со вашите малечки, но ве замолуваме да ги облечете дечињата во костуми за капење, за да не дозволите да станат дел од колекцијата слики или видеа на педофили, манијаци и останати пореметени умови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП