6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнглиски гиганти во битка за Вилиан

Англиски гиганти во битка за Вилиан

willian-site

Ливерпул и Тотенхем покажуваат сериозен интерес кон бразилската ѕвезда на Анжи, Вилиан и двата клуба ќе се обидат да го купат 25-годишниот играч од средниот ред. Од рускиот клуб веќе потврдија дека ќе започната со продажба на голем дел од скапоплатените играчи, со што започнаат трансфер шпекулациите поврзани со фудбалери на Анжи.

Тотенхем покажуваше интерес за Вилиан уште додека тој беше играч на Шахтјор (Донецк). Според „Сан“ Ливерпул исто така ќе се вклучи во битката за бразилскиот репрезентативец.

Тотенхем веќе ги доведе Паулињо и Насер Шадли, а Андре Вила-Боаш го има и Муса Дембеле, Гилфи Сигурдсон, Луис Холтби, Сандро и Скот Паркер, па поради тоа тешко дека лондончани ќе остварат нов голем трансфер за уште еден фудбалер.

Ливерпул пак не успеа да се избори со Борусија Дортмунд за Хенрих Мхитарјан и сега Брендон Роџерс може да се насочи кон Вилиан. Анжи му плати на Шахтјор околу 35 милиони евра за Вилиан во почетокот на годината, сметајќи дека сега од рускиот клуб ќе побараат иста сума, но во англиски фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП