26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„SAP“ повторно ја крена својата прогноза

„SAP“ повторно ја крена својата прогноза

Германската софтверска група „SAP“ ја зголеми прогнозата по втор пат оваа година, откако нејзините стратешки напори да им помогне на своите клиенти да ги насочат своите ИТ операции кон облачните услуги беа успешни во вториот квартал.

„SAP“ сега очекува приходите од облачните услуги да пораснат за 15 до 18% од година во година, а вкупните приходи од облак и софтвер да се зголемат за 2-3%. Според новата прогноза, оперативната добивка или нема да се промени или ќе падне до 4% во вториот квартал.

„Гледаме силен фокус на нашето портфолио на облачни услуги, бидејќи клиентите ја избираат „SAP“ за нивната деловна трансформација. Нашата стратегија работи“, рече извршниот директор Кристијан Клајн.

Во октомври минатата година, „SAP“ ја намали својата среднорочна прогноза откако Клајн се потпре на облачните услуги, кои создаваат приходи од временски распоредени претплати, наспроти лиценците за софтвер кои носат еднократни такси.

На почетокот на годината, компанијата го лансираше пакетот дигитални трансформации „Rise with SAP“.

Приходот, кој се зголеми за 3% на 6,67 милијарди евра во квартал, се совпадна со просечните прогнози на аналитичарите, според „Refinitiv“. Оперативната добивка се зголеми за 3% на 1,92 милијарди евра и е над очекувањата.

„SAP“ ја зголеми прогнозата за целата година за приходите од облак и софтвер за 200 милиони евра на опсег од 23,6 до 24 милијарди евра. Сега очекува оперативниот профит да биде помеѓу 7,95 и 8,25 милијарди евра.

Компанијата со седиште во Валдорф известува за резултатите што се прилагодени за постојани валути за да се отстранат различните ефекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП