Конечно ќе се појави серијата „Huawei P50“, бидејќи компанијата официјално го потврди датумот на лансирање. Настанот ќе се одржи на 29-ти јули, каде што ќе видиме почеток на нова ера на мобилната фотографија, според Ричард Ју, извршниот директор на „Huawei“.
Досега имаше само гласини за датумот, но благодарение на официјалната страница на компанијата на „Weibo“, знаеме дека оваа објава е навистина официјална потврда за излегувањето на новиот модел. „Huawei P50“ се пријавува дека ќе пристигне со „LTE“ верзија на чипсет „Snapdragon 888“, но не сме слушнале ништо за „Pro“ или за можен „Pro +“ уред.

