27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕГрчка диета - намалете го вишокот килограми полека и на здрав начин

Грчка диета – намалете го вишокот килограми полека и на здрав начин

Грчката диета е модерен начин на исхрана, а потсетува многу на Медитеранската диета. Ветува непречено и трајно симнување на килограмите, без јо-јо ефект. Дознајте повеќе за грчката диета..

Модерната грчка диета е создадена од нутриционистката Марија Лој. Според неа најважно за Грчката диета е да не се лишувате од храна наеднаш. Лишувањето е вистински стрес за телото, а стресот спречува топењето на килограми. Од истата причина диетата не треба да се базира на броење на калории. Сами треба да одредите колку ви е доволно, односно да научите полека да се задоволувате со помалку.

Грчката диета е здрав режим на исхрана. Корисна е за срцето и го намалува ризикот од дијабетес. Освен тоа, Грчката диета се грижи и за здравјето на мозокот, бидејќи се застапени доволно омега-3 масни киселини.

12-те главни намирници во Грчката диета

Грчката диета нагласува 12 намирници наречени столбови или основни. Овие основни намирници помагаат при согорувањето на мастите и ги зголемуваат заштитните сили на телото против болестите.

Маслиново масло, јогурт, зеленчук, мешункаста храна, морска храна (риба и морски плодови), цели зрна, вино, билки и зачини, овошје, кафе и чај, ореви и семки, пилешко месо и јајца.

Во грчката диета 50 проценти од менито за ручек и вечера треба да е од зеленчук, останатите 50 – по ваш избор. Зеленчукот кој ќе го изберете не треба да содржи скроб. Јајцата и морската храна треба да се консумираат 3-4 пати неделно, а пилешкото месо – 2 пати неделно.

jena-dieta-plodove-(2)-186677-500x0

Пример мени на Грчката диета

По станувањето: Чаша вода со сок од половина лимон

Појадок: 1 чаша јогурт, 1 шака ореви или житарки од цело зрно и шолја кафе или чај

Ужинка: 1 овошје

Ручек: Голема чинија салата и мало парче пита со спанаќ или пире од спанаќ

Ужинка: 1 чаша бобичести плодови

Вечера: Пилешко филе на скара, обарена боранија и чаша вино по желба

Добрите и лошите страни на Грчката диета

Грчката диета е полна со корисни намирници, кои го одржуваат здравјето на високо ниво.

Не треба да ги броите калориите и да си создавате стресови, помогнете му на мозокот постепено да се откажува од големите количества на храна. Доколку чувствувате глад во било кое време, направете огромна салата од повеќе видови на зеленчук во различни бои, кои ќе го задоволат вашиот апетит, а и вашите „гладни“ очи.

Грчката диета може да не е многу погодна за активните луѓе кои извршуваат тешки физички вежби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП