Европската фудбалска унија (УЕФА) ги одреди градовите домаќини за финалните мечеви во Лигата на шампионите, во наредните четири години. Меѓу градовите домаќини повторно се најде Истанбул, кој поради коронавирусот, остана без домаќинството во претходните две години.
Финалето во сезоната која е пред нас ќе се одигра во Санкт Петербург, додека Истанбул ќе биде домаќин во 2023 година.

