21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОлабавувањето на рестриктивните мерки го вратија профитот на „Swatch“

Олабавувањето на рестриктивните мерки го вратија профитот на „Swatch“

„Swatch Group“, производителот на часовниците „Omega“ и „Longines“, се врати во профит во првата половина од годината, откако земјите ги ублажија ограничувањата за физичкото купување и патувањата.

Оперативната добивка на компанијата достигна 402 милиони франци (439 милиони долари). Аналитичарите очекуваа 338 милиони франци. „Swatch“ забележа загуба за првата половина на минатата година во услови на затворени продавници и забрани за патувања.

Производителот на часовници очекува поголема продажба во локални валути во втората половина од годината во споредба со 2019-та година, бидејќи уште повеќе ограничувања ќе бидат укинати. Ова е подобрување во однос на февруари, кога компанијата изјави дека има шанса приходите од локална валута да се приближат до нивото од 2019-та година.

Растот во првите шест месеци до јуни беше поттикнат од силната побарувачка во Кина, САД и Русија, иако приходите од аеродромите и популарните туристички дестинации сè уште беа послаби.

„Swatch“ мораше да скрати 850 работни места во првата половина откако затвори 135 продавници. Од друга страна, отвори 36 нови објекти на ветувачки локации за овој период.

Производителот на часовници ќе го напушти швајцарскиот индекс „SMI“ во септември по повеќе од 20 години во неговиот состав. Причината е промена на берзата, така што фокусот може да биде насочен кон поголемите компании. Пазарната капитализација на компанијата се намали за половина во 2013-та година, а минатата година „Rolex“ и ја одзеде титулата најголем производител на часовници во Швајцарија, според „Morgan Stanley“.

Акциите на „Swatch“ се зголемија за 30% во оваа година, бидејќи компанијата продолжува да се опоравува од пандемијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП