24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАХеликоптерот на НАСА собори рекорд! Погледнете ги фотографиите во боја кои доаѓаат...

Хеликоптерот на НАСА собори рекорд! Погледнете ги фотографиите во боја кои доаѓаат од Марс(ФОТО)

Мисијата на Марс оди одлично, пренесува НАСА. Малиот хеликоптер Ingenuity, кој вселенската агенција го испрати на Марс, со секој лет ги руши сопствените рекорди.

Ingenuity го сруши рекордот прелетувајќи 625 метри за две минути и 46 секунди и слетал во областа наречена Сеита, што би било скоро невозможно да се достигне со роверот „Perseverance“. Притоа, хеликоптерот исто така успеа да направи низа фасцинантни фотографии во боја на кои е прикажано необичното опкружување и планините на Марс.

За летот 9, клучно беше да се прилагоди планот на летот со намалување на брзината во клучните точки на спуштање во самиот кратер. Иако ова го продолжи времето на летот, тоа помогна да се отстранат грешките што може да доведат до погрешно позиционирање на хеликоптерот. Прилагодивме и некои детални параметри на алгоритмот за навигација што досега не ги допиравме, објаснија од НАСА.

За да му помогнат на хеликоптерот да прелета преку нерамен терен, инженерите на НАСА создадоа компјутерски симулации кои предвидуваа што може да се случи доколку променат команда на хеликоптерот. Мисијата продолжува во кратерот Језеро, од кој Ingenuity ќе „јави“ оваа недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП