26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Nintendo“ најави нова верзија на конзолата „Switch“

„Nintendo“ најави нова верзија на конзолата „Switch“

Компанијата „Nintendo“ најави нова верзија на својата популарна конзола „Switch“, пишува „CNBC“.

Новиот модел има поголем и пошарен екран. Конзолата ќе биде достапна на пазарот од 8-ми октомври за 349,99 американски долари. Цената е повисока во споредба со 299,99 долари за стандардниот „Switch“ и 199,99 долари за „Switch Lite“.

Конзолата ќе се појави за време на бумот на игри поради пандемијата. Но, во исто време, големата побарувачка и постојаниот недостиг на чипови го отежнуваа купувањето конзола. „Sony“ и „Microsoft“, кои објавија нови конзоли на есен, сè уште не одговорија на побарувачката.

Новиот „Nintendo Switch“ (OLED Model) користи, како што сугерира неговото име, „OLED“ екран што е посветол и нуди повеќе бои од екранот на стандардниот модел.

Екранот е 7-инчен, во споредба со 6,2 инчи на стандардната верзија и 5,5 инчи на „Switch Lite“. Исто така, има подобри звучници од неговите претходници.

Новата конзола има двојно поголема внатрешна меморија од основниот модел, како и 4,5 до 9 часа траење на батеријата во зависност од потрошувачката.

Дизајнот исто така е променет, што ја подобрува стабилноста кога уредот е поставен на маса.

„Switch“ е популарна конзола, но се соочи со недостаток на почетокот на пандемијата. Во мај, „Nintendo“ откри дека продала 28,8 милиони конзоли за годината што заврши во март. Оваа година се очекува да се продадат 25,5 милиони конзоли.

Ова е втора голема надградба на „Switch“ од компанијата со седиште во Кјото, а целта сега е да се зголеми побарувачката за сезоната на празници на крајот на годината. Сепак, новиот уред не се приближува до перформансите на конкурентските конзоли од „Sony“ и „Microsoft“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП