Италија е првиот финалист на Европското првенство во фудбал, откако во драматична пенал-завршница, успеаја да бидат подобри од Шпанците со 4:2, откако по 90 и по 120 минути мечот заврши 1:1. „Аѕурите“ на Роберто Манчини сега го чекаат подобриот од мечот меѓу Англија и Данска (утре 21.00 часот) во големото финале на „Вембли“.
Ова е неверојатен пресверт за „аѕурите“ под водство на Роберто Манчини, откако пред три години во Италија имаше „национална катастрофа“ по неуспехот да се квалификуваат на Светското првенство во Русија во 2018 година.

