среда, јануари 19, 2022
ПочетнаЗДРАВЈЕЛековита салата од краставица и лук: Го намалува холестеролот, го регулира високиот...

Лековита салата од краставица и лук: Го намалува холестеролот, го регулира високиот притисок

Постојат многу причини да започнете да ја консумирате оваа салата со лук и краставица. Таа е малку необична, но со сигурност ќе го поткрепи вашиот организам, а воедно лукот ќе ве заштити од настинките и грипот кои владеат во овој период од годината.

Комбинацијата од краставица и лук на оваа салата и дава одличен вкус, а има и мноштво лековити својства – меѓу останатото, го намалува холестеролот, го регулира крвниот притисок и делува поволно на метаболизмот.

Се што ви е потребно е: 1 краставица, 3 чешниња лук, 2 шолји вода, моркса сол и малку јаболков оцет, магдонос по желба.

Порано ова салата често била дел од секоја трпеза, а нашите предци ја консумирале за прочистување на телото, таа во народот е позната како лук и вода.

Подготовка: Најпрво исчистете ги чешнињата лук. Во дрвен сад истолчете го лукот со солта додадете 1-2 лажици (по желба) јаболков оцет и добро промешајте. Краставицата измијте ја и исецкајте на мали коцки, па додадете ја во садот. Ставете ладна вода и промешајте. По желба можете да додадете и магдонос.

Уживајте вашата здрава салата е готова!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ НЕ

91,744фановиЗаследи
2,161следбенициЗаследи
1,419следбенициЗаследи