Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ незапирливо оди кон својата рекордна 20. гренд слем титула, откако со 6:2/6:4/6:2 за само 110 минути го совлада Чилеанецот Кристијан Гарин за пласман во четврт-финалето на Вимблдон, негово неверојатно 50. гренд слем четврт-финале.
Ѓоковиќ го отвори мечот со брејк и следниот гем го освои без загубен поен, за потоа да направи уште еден брејк и лесно да го освои првиот сет. Во вториот сет, Гарин почна подобро, со неуспешни две брејк топки, а не дозволи Ѓоковиќ да направи брејк на 3:3. Сепак, два гема подоцна, Ѓоковиќ пак прави брејк за да го освои сетот, и на крајот во третиот сет со два лесни брејка влегува во четврт-финалето.

