Кевин Де Брујне, најдобриот белгиски фудбалер, синоќешното четврт-финале против Италија, го одиграл со тешка повреда на зглобот. Де брујне се повреди, во дуеот со Палиња, на претходниот меч со Португалија.
„Благодарност до лекарскиот тим. Завршија неверојатна работа. Можев да играм и покрај тоа што ми е скинат лигаментот. Чудо е што воопшто можев да играм. Се обидев да помогнам, но тоа не беше доволно“, напишал Де Брујне на Инстаграм.

