28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛудило кај фановите на „волчицата“ – Мурињо слета во Рим!

Лудило кај фановите на „волчицата“ – Мурињо слета во Рим!

Стотина фанови на Рома го пречекаа новиот тренер на тимот, Жозе Мурињо, на стадионот во Рим денеска откако Специјалниот пристигна за да почне со одработување на својот тригодишен договор со клубот пред почетокот на претсезоната на 6 јули.

Мурињо пристигна на аеродромот „Чампино“ во 14.30 часот по локално време, каде што беше пречекан од 500 фана откако, според „Скај спорт Италија“, во авионот тој пристигна со газдата на клубот, Американецот Ден Фридкин.

По ова, тој се упати во Тригорија, каде што ќе го помине потребниот карантин од пет дена пред да почне со работа со тимот. Самиот Мурињо им се заблагодари на фановите преку својот инстаграм-профил на италијански јазик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП