Вардар 1961, во новата сезона, ќе се натпреварува во Б-групата, во Лигата на шампионите. Среќата беше на страна на црвено-црните, на денешната ждрепка во Виена. Вардар 1961 успеа да ја избегне А-групата, во која се наоѓаат пет клуба кои претендираат не само на пласман на завршниот турнир, туку и на европската титула.
Противници на Вардар 1961, во Б-групата, ќе бидат Кил, Алборг, ПИК Сегед, Монпелје, Мешков Брест, Загреб и Елверум.
А-групата ја предводи европскиот првак Барселона, а во не се и ПСЖ, Веспрем, Кјелце, Фленсбург, Динамо Букурешт, Порто и Мотор.

