23 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Instagram“ тестира драстични промени со кои ќе наликува на „TikTok“

„Instagram“ тестира драстични промени со кои ќе наликува на „TikTok“

Шефот на „Instagram“ објави дека социјалната мрежа планира да започне да им покажува на корисниците препорачани видеа на цел екран во нивните „фидови“, пишува „CNBC“.

„Покрај тоа, ние ќе експериментираме со тоа како да вклучиме повеќе видеа – на цел екран, извонредно, забавно, мобилно видео“, рече Адам Мосери во видео објавувањето.

„Ќе видите како правиме голем број работи или експериментираме со многу работи во оваа област во наредните месеци“, додаде тој.

„Повеќе не сме апликација за споделување фотографии или апликација за квадратни фотографии“, додаде Мосери.

Ова е значајна промена за „Instagram“, која досега беше апликација каде корисниците можат да гледаат квадратни фотографии од нивните пријатели и профилите што ги следат. Промената во презентацијата на содржината ќе го постави „Instagram“ појасно пред конкурентите како што е кинескиот „TikTok“.

Мосери конкретно ги истакна „TikTok“, како и „YouTube“, кој е во сопственост на „Google“, како сериозни конкуренти и причините за овие промени.

„Да бидеме искрени, во моментов има навистина сериозни конкуренти“, рече тој. „„TikTok“ е огромен, „YouTube“ е уште поголем и има многу нови играчи“, вели Мосери.

„Instagram“ веќе го направи приоритет натпреварувањето со „TikTok“, ослободувајќи ги „Reels“ во август 2020-та година. Тоа е кратка опција за споделување видео што им овозможува на корисниците на „Instagram“ да создаваат содржина со надредени аудио или ефекти на проширена реалност, слична на она што веќе можат да го направат на „TikTok“.

„Луѓето одат на „Instagram“ за да се забавуваат, има голема конкуренција и може да се направи многу повеќе. Ние мора да го искористиме тоа, а тоа значи промена“, рече Мосери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП