29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМаск откри кога вселенскиот интернет ќе стане достапен низ целиот свет, но...

Маск откри кога вселенскиот интернет ќе стане достапен низ целиот свет, но и колку всушност чини изградбата на ваков систем

Кога и да се појави некаде, виртуелно или во живо, Илон Маск привлекува големо внимание. Како прво, затоа што е тешко да се предвиди што точно ќе каже и дали нема да открие некакви ексклузивни информации за време на тоа гостување.

Затоа не е изненадувачки што гостувањето на Илон Маск (овој пат виртуелно) на Mobile World Congress што деновиве се одржува во Барселона привлече големо внимание.

За време на получасовниот разговор, Маск откри дека сателитскиот состав „Starlink“, кој би требало да обезбедува широкопојасен интернет за луѓето ширум светот, ќе биде достапен насекаде (освен на половите) веќе во август годинава.

Тој истакна дека скоро 70.000 активни корисници веќе користат интернет на Starlink, кој го спореди со „нешто помеѓу 5G и широкопојасен интернет“ и откри дека моменталната проточност на податоците е околу 30 ТБ во секунда, а американските корисници плаќаат околу 500 долари за негова употреба. На прашањето каква ќе биде цената во другите делови на светот, Маск одговори дека ќе биде некаде околу тоа, но тоа ќе зависи од даноците и другите давачки што ќе мора да ги издвои. Неговата цел, рече тој, е да ја намали таа цена на 250 долари за да го направи системот што е можно подостапен за корисниците.

Но, Маск не ги крие своите амбиции. Тој посочи дека сака да има половина милион корисници на Starlink во рок од една година.

Покрај приватните, Маск се надева дека ќе привлече комерцијални корисници како што се телеком оператори, чиј проблем е покривање на сигналот на ретко населените области. Маск објасни дека сателитите на Starlink се наоѓаат на помала надморска височина од конвенционалните телекомуникациски сателити, што им овозможува побрзо да пренесуваат податоци и да ја намалат латентноста.

Очекуваме да ја намалиме латентноста на под 20 милисекунди, што ќе овозможи да се играат видео игри, посочи Маск.

Да потсетиме, во орбитата на Земјата има околу 1.800 сателити на SpaceX кои ја сочинуваат мрежата Starlilln, а до 2026 година Маск се надева дека тој број ќе достигне дури 12.000. Тој исто така откри дека соларните панели, кои обезбедуваат работа на сателитите, произведуваат вкупно 5MW електрична енергија.

Тој откри дека вкупниот износ на пари вложени во Starlink ќе биде огромен и ќе изнесува помеѓу 5 и 10 милијарди долари, пред проектот да стане профитабилен. Тој не исклучи дека во Starlink ќе бидат инвестирани вкупно до 30 милијарди долари.

За време на разговорот, тој се осврна и на Starship, вселенското летало кое планира да стигне до Марс и откри дека во следните неколку месеци планираат да направат орбитален лет со тоа летало за да покажат дека тоа е можно и дека леталото потоа може безбедно да слета на земјата.

На крајот, тој истакна дека сè што прави, прави за да го подобри животот на Земјата, но и да создаде темели за подобар живот во иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП