Украина е последниот четврт-финалист на ЕУРО 2020 година, откако во драматична завршница, дури по продолженијата стигнаа до 2:1 победа над Шведска во уште еден интересен и возбудлив меч на континенталниот шампионат. За ова беше потребен еден црвен картон и супер-замената Артем Довбик, кој во 121. минута го совлада Робин Олсен за прв репрезентативен гол во кариерата и голема победа и пресметка со Англија во четврт-финалето на шампионатот.
Во израмнетото прво полувреме, Украинците дојдоа во водство во во 27. минута, кога топката дојде кај ѕвездата на Манчестер сити по убава акција, за тој да го совлада Робин Олсен. Емил Форсберг израмни на 1:1 по асистенцијата на Дејан Кулушевски во 43. минута за најава за интересно второ полувреме. Ова беше четврти гол на Форсберг во четири меча.

