Флојд Мејведер Јуниор, уште еднаш го докажа сопствениот прекар Money (Пари), откако се пофали дека заработил 100 милиони долари за контроверзниот егзибициски меч против Логан Пол, велејќи дека се работело за „легализиран спаринг“.
44-годишниот Мејведер боксуваше со Јутјуберот во меч од 8 рунди овој месец, меч во кој не се прогласи победник, но не успеа да го победи 26-годишниот Американец. Дел од боксерските фанови сметаа дека се работи за срамен потег на боксерот со 50-0 скор, но Мејведер нема проблеми со тоа.

