„Lenovo“ објави нов производ, наречен „Go Wireless Charging Kit“, кој му овозможува на корисникот да ја применува функцијата за безжично полнење на широк спектар на лаптопи. Уредот ја користи „Power by Contact“ технологијата на компанијата „Energy Square“.
Пакетот се состои од 3,2 мм тенка подлога од четкан метал, која може да се обеси на ѕидот или да се постави на маса. Исто така има и долг безжичен приемник кој се прицврстува на основата на лаптопот и се поврзува преку „USB-C“ порта.

