Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ вели дека зборувал со неколку врвни тенисерки, вклучувајќи ја и Серена Вилијамс за паралелната асоцијација на играчи ПТПА, која ја организираше заедно со Васек Поспишил и со која се надева дека ќе примора повеќе влијание на тенисерите за начинот на кој се води спортот, и секако, поголем дел од профитот.
Ѓоковиќ и Поспишил ја формираа Асоцијацијата на професионални тенисери (ПТПА) минатиот август, а неодамна влегоа во конфликт со АТП турнејата, која инсистира дека нивниот Совет на играчи доволно ги застапува интересите на тенисерите. За разлика од северноамериканските спортови, тенисерите не се претставувани од синдикати, туку секој се смета како независен субјект.

