18 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПромена на „Instagram“ која се чекаше со години! Вметнување на фотографии и...

Промена на „Instagram“ која се чекаше со години! Вметнување на фотографии и снимки на комплетно нов начин!

„Instagram“ конечно ги воодушеви сите оние кои собираат снимки и фотографии на своите компјутери.

Социјалната мрежа „Instagram“ им овозможи на корисниците да објавуваат преку компјутер, односно интернет прелистувачи.

Корисниците на десктоп ќе можат да поставуваат видеа, слики, да користат филтри и опции за отсекување слики и видеа, да вршат брзо уредување и полесно да ја пополнуваат долгата текстуална содржина со сите постојни опции во апликацијата.

„Знаеме дека многу луѓе имаат пристап до „Instagram“ преку компјутер. За да го подобриме искуството, сега ја тестираме можноста вашата објава да биде споделена преку интернет прелистувач на декстоп“, изјави за „Engadget“ портпарол на компанијата.

Ако сакате да проверите дали ја имате новата опција, треба да се најавите на вашата сметка преку интернет прелистувач и да побарате квадрат во кој има плус, односно иконата преку која ги праќате своите објави.

Можеби со овој потег „Instagram“ сака да се доближи до моделот на социјалната мрежа „Facebook“ која има солиден кориснички интерфејс и искуство кога се користи преку компјутер.

Новата опција ќе им овозможи на компаниите многу полесно да ги пласираат своите производи, како и влијателните, креаторите на содржини и другите корисници побрзо и поефикасно да управуваат со своите објави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП