26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНамирница која може да лекува подобро од лековите: И научниците се фасцинирани...

Намирница која може да лекува подобро од лековите: И научниците се фасцинирани од нејзиното дејство

Ѓумбирот се повеќе се третира како лек отколку како зачин, благодарение на научните студии кои ја докажуваат неговата лековитост. Соединението шогаол, кое се наоѓа во него е десет илјади пати поефикасно од медицинските третмани над малигните клетки, покажуваат истражувањата.

Ѓумбирот е една од најмоќните билки на светот. Бројни научни студии покажуваат дека оваа билка има антиоксидативно и антивоспалително дејство, како и бројни други лековити својства. Најновите студии покажуваат дека моќта на ѓумбирот се согледува и во тоа што тој може да го спречи и излечи ракот.

Ѓумбирот го може сето тоа благодарение на едно посебно соединение коешто се наоѓа во него. Токму соединението кое содржи 17 атоми на јаглерод, шогаолот, му ја дава таквата моќ на ѓумбирот.

Според новите научни истражувања, шогаолот кој се наоѓа во ѓумбирот е за десет илјади пати поефикасен од хемотерапијата. Освен што е вистински „убиец“ на малигните клетки, шoгаолот не чини буквално никаква штета кај здравите клетки во организмот. Вредно е да се напомене и тоа дека сировиот ѓумбир има поголемо количество од оваа супстанца за разлика од ѓумбирот во прав.

Научната медицинска студија која ја спровел државниот универзитет во Џорџија открива и дека употребата на ѓумбир може да ја намали големината на туморот на простатата за неверојатни 56 отсто.

Покрај ова откритие, наведено е и дека ѓумбирот може да ги редуцира воспаленијата, а да го зголеми износот на антиоксиданти. Иако мора да се направат уште детални истражувања околу лековитоста на ѓумбирот, доволно е сознанието дека ваквата негова ефикасност кај неутрализирањето на малигните клетки е веќе потврдена.

Кои се останатите предности на ѓумбирот:

77411900458302a1f4a03d548455728_w640

Мачнини: Истражувањата покажуваат дека ѓумбирот може да ги третира мачнините и повраќањето, па се препорачува негова употреба во случај на таква состојба на организмот.

Остеоартритис: Ова е честа состојба која може да предизвика вкочанетост и болки во зглобовите. Докажано е дека пациентите со вакви здравствени тегоби чувствувале помалку болки после зимањето на екстракт од ѓумбир.

Болки во мускулите: Земањето на само 2 грама ѓумбир дневно за 11 дена може да ги намали болките во мускулите, тврдат научни студии.

Шеќер во крвта: Ѓумбирот ја има таа моќ да го намали нивото на шеќер во крвта и да го одржува на долните граници, со што, последично, се намалува ризикот од дијабетес.

Менструални болки: Жените може да имаат корист од земањето на ѓумбир во текот на менструалниот циклус. Истражувањата покажале дека земањето на само еден грам од оваа билка може да ги намали болките за време на циклусот.

Холестерол: Некои студии покажуваат дека ѓумбирот го намалува нивото на лошиот холестерол во организмот, т.н. ЛДЛ холестерол.

Мозок: Ѓумбирот е докажан борец против бројни лоши состојби на мозочните функции, а пред се во случај на Алцхајмерова болест.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП