4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНадал го освои трофејот на „Роџерс Купот“

Надал го освои трофејот на „Роџерс Купот“

Rafa-Nadal

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го освои трофејот на „Роџерс Купот“ што се одржуваше во Монтреал, Канада.

Шпанецот синоќа во финалето, за нешто повеќе од еден час игра го совлада домашниот тенисер Милош Раониќ со 2:0 по сетови – 6:2 и 6:2.

Победата на фаворитот во ниту еден момент не беше загрозена и остварена полесно од очекувањата.

Надал сега има вкупно три титули на канадскиот АТП Мастерс 1.000, како и вкупно 58 трофеи од 81 одиграно финале во неговата кариера.

Со постигнатите резултати на овој турнир Надал денеска на најновата АТП листа напредуваше едно место и сега е третопласиран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП