28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕИзлекуваните и дополнително вакцинирани од Ковид-19 имаат долгорочен имунитет, потврдуваат експертите

Излекуваните и дополнително вакцинирани од Ковид-19 имаат долгорочен имунитет, потврдуваат експертите

Една студија на Медицинскиот универзитет во Инсбрук докажува дека по заздравување од коронавирусот, се стекнува стабилен и долгорочен имунитет.

“Можеме да бидеме многу сигурни дека добиваме имунитет. Можеби е полесно и побезбедно да се добие имунитет преку вакцината, бидејќи со тоа се избегнува опасност од долготрајни последици”, изјави авторот на студијата Флоријан Дизенхамер.

Тој посочи дека оние кои го прележале коронавирусот имаат имунитет.

„Вирусот разбира само еден јазик, а тоа е убиство со имунитет“, додаде шефот на Одделот за невроимунологија.

Дизенхамер вели дека може слободно да ги советува излекуваните од Ковид-19 сепак да направат и вакцинација.

“Вакцината е само дополнителен трик во раката, кој го дава последниот мир. Тоа е крајната заштита. Не сум запознаен со ниту еден извештај во кој некој што бил излекуван, а потоа вакциниран, повторно се разболел”, изјави австрискиот експерт.

Според него, излекуваните кои се дополнително вакцинирани имаат скоро сто процентна сигурност дека нема повеќе да се заразат.

„Анализите покажуваат огромна имунолошка реакција, кога еднаш излечените, по шест до 12 месеци, ќе примаат вакцината“, објасни тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП