26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗошто суплементите не треба да се консумираат заедно со утринското кафе?

Зошто суплементите не треба да се консумираат заедно со утринското кафе?

Доколку имате обичај суплементите да ги консумирате со утринското кафе, време е да ја промените таа навика.

Имено, кофеинот во кафето може да ја намали способноста на организмот да апсорбира одредени витамини и минерали, како што се витаминот Б-комплекс, витамин Д, железото и калциумот.

Ова не случај само со кафето, туку и со другите напитоци што содржат кофеин како што се кока-кола, црниот и зелениот чај.

Кафето или чајот треба да ги пиете барем еден час пред или два часа по земањето на суплементите, што би било најдобро да ги испиете со вода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП