29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАТрите најиздрживи телефони што можете да ги купите во 2021-ва (ВИДЕО)

Трите најиздрживи телефони што можете да ги купите во 2021-ва (ВИДЕО)

Паметните телефони не траат засекогаш. Многумина од нас се надеваат дека ќе можат да преживеат една година или две или додека не истече договорната обврска.

Сепак, поради сè повеќе луксузните материјали што се користат при конструкцијата на телефонот и растечките екрани, ризикот од кршење на вашиот уред е значително зголемен.

И ова во никој случај не е нешто што секој корисник на паметен телефон го сака, особено затоа што поправката може да биде многу скапа.

Од друга страна, трајните телефони денес не само што нудат максимална отпорност на вода, прашина, паѓања и други удари што можат да ги оштетат, туку исто така доаѓаат со сериозни перформанси, напредни карактеристики и квалитетни камери.

Затоа „Tech Advisor“ ги избра најтрајните телефони што можете да ги купите во 2021-ва година.

„CAT S62 Pro“

„CAT 62 Pro“ е врвот во понудата на „CAT“.

За разлика од другите отпорни телефони кои често изгледаат како цигли, „CAT“ направи вистинско чудо со дизајнот на овој модел.

„CAT S62 Pro“ доаѓа со „IP“ сертификат кој нуди максимална отпорност на вода, прашина и нечистотија, но исто така и воен стандард „MIL-STD-810H“ кој ги исполнува најсложените барања на американската војска.

Тука е и „Gorilla Glass 6“ кој го штити 5,7-инчниот „Full-HD“ дисплеј, алуминиумското тело, батеријата од 4.000mAh, но и 8-јадрен процесор 2GHz „Qualcomm Snapdragon 660“ споен со 6 GB RAM и 128 GB внатрешна меморија.

„Doogee S88 Pro“

Овој модел нема да ги задоволи сите ваши потреби, освен ако не барате специфичен модел на телефон – паметен телефон кој е дизајниран да се користи во природа и екстремни услови.

„Doogee S88 Pro“ комбинира солидни перформанси со интересни софтверски модификации.

Лошата страна е камерата, но исто така има и опции за сертифицирање „IP68“, „NFC“ и безжично полнење.

Поради сето ова, „Doogee“ е солиден избор за сите љубители на природата, но нема да ги задоволи останатите клиенти.

„AGM X3“

„AGM X3“ обезбедува солидни перформанси и привлечен дизајн.

Под 5,99 инчниот екран кој го штити „Gorilla Glass 5“, се наоѓа процесор „Snapdragon 845“ кој гарантира задоволителни перформанси.

Сепак, нивото на заштита што овој модел го обезбедува е малку пониско од конкуренцијата.

Тука е и батеријата од 4.100mAh, поддршка за брзо полнење и опции за безжично полнење на телефонот.

Како да го изберете вистинскиот траен телефон?

Ако барате ваков телефон, но не сте сигурни на кои работи треба да обрнете внимание, еве неколку совети кои можат да ви помогнат да го направите најдобриот избор.

Сертификацијата „IP68“ открива дека телефонот може да издржи потопување во вода до длабочина од 1 метар во траење од 30 минути – веројатно подлабоко и подолго, но вие го тестирате на ваш сопствен ризик.

Кога станува збор за дизајнот, со најтрајните модели, рабовите околу екранот се подигнуваат за да се заштити ако телефонот падне точно на своето лице, но испакнатините на површината сепак можат да го оштетат.

Затоа е важно дисплејот да има добра заштита како што е „Gorilla Glass 5“, идеално е „Gorilla Glass 6“, иако има и модели со помала заштита.

Последно, но не и најмалку важно, обрнете внимание на рабовите на телефонот – најдобрите имаат специјални „SOS“ и „PTT“ клучеви за да можете брзо да повикате помош или да испратите важни информации до некој колега додека сте во експедиција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП