Организаторите на Олимпијадата во Токио ова лето ќе им поделат на спортистите 160.000 бесплатни кондоми, а во исто време ќе им забранат да имаат секс, односно ќе треба да си ги вратат кондомите дома како сувенири.
Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) потврди дека сите кои ќе бидат сместени во олимпиското село ќе мораат да ги почитуваат правилата за социјално дистанцирање поради КОВИД-19, заканувајќи се со финансиски казни, дисквалификација, но и депортирање од Јапонија.

