Украинскиот напаѓач на Вест хем, Андриј Јармоленко, не се возддржа и повторно се „играше“ со шишињата на прес-конференцијата по победата над Македонија, во која беше именуван за играч на натпреварот.
Откако Роналдо ги отстрани шишињата Кока-кола, а Погба го направи истото со шишето Хајнекен и УЕФА објави дека треба да се почитуваат спонзорите на турнирот, Украинецот ги побара компаниите за свои спонзори.

