Првиот гол за македонската репрезентација во натпреварот со Украина го постигна фудбалерот Езгјан Алиоски.
Во 54-та минута Трајковски успеа да ја погоди пречката со помош на одбрана на Бушан, а Караваев го спречи Пандев да стигне до топката по што беше досуден пенал за Македонија.
Алиоски го изведе во 57-минута, го одбрани Бушан, но одбиената топка ја заби во голот за 2:1.
Инаку селекцијата на Украина после нешто повеќе од половина час игра во првото полувреме постигна резултат од 2:0 против репрезентацијата на Македонија. Стрелци на головите во првото полувреме за Укрина беа Јармоленко и Андриј Јаремчук.