27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕТоп 5 напитоци со цимет кои го забрзуваат метаболизмот

Топ 5 напитоци со цимет кои го забрзуваат метаболизмот

Циметот го загрева телото и го намалува нивото на шеќер во крвта. Исто така помага и при губитокот на тежина.

Денес ви предложуваме топ 5 напитоци со цимет кои ќе го забрзаат вашиот метаболизам.

Меден напиток

Ставете половина лажичка цимет во шолја зовриена вода, поклопете и оставете да отстои половина час. Додадете 1 лажица мед и мешајте. Пијте го овој напиток 2 пати денвно – наутро на празен стомак и ноќе пред спиење.

Кефир со ѓумбир

Земете 1 чаша кефир и додадете половина лажичка цимет. Додадете во кефирот прстофат црвена пиперка и малку рендан ѓумбир. Сите состојки измешајте ги. Овој напиток може да го замени ручекот или вечерата.

Чај со цимет и ѓумбир

За подготовка на чај со цимет е погоден обичниот црн чај. Подгответе црн чај и додадете половина лажичка цимет, 30 г изрендан ѓумбир и ванила за вкус.

Милкшејк

Измешајте во блендер 5-6 било какви бобинки со една лажица цимет и 200 мл млеко. Посипете го милкшејкот со ореви или бадеми.

Кафе со млеко и цимет

Помешајте 100 мл млеко со една лажица кафе или лажица какао и додадете 1 лажица цимет. Доколку сакате можете да додадете и мед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП