2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајдобрите во Москва ќе поделат над 7 милиони долари

Најдобрите во Москва ќе поделат над 7 милиони долари

luzniki

Точно 7.194.000 долари ќе поделат топ атлетичарите на 14-тото Светско првенство кое започна во Москва.

Реновираниот стадион „Лужники“ ќе биде арена на најгламурозниот бал за годинава, даден од Кралицата на спортовите. А за најдобрите учесници ќе има богати награди.

Меѓународната атлетска федерација (ИААФ) ја задржа традицијата да раздава богати премии. Награди ќе има за влезе во Топ 8, а титулата во Москва е проценета на 60.000 долари. Одделно секој светски рекорд на шампионатот ќе биде награден дополнително со 100.000 „зелени“.

Сметка покажува дека најбрзиот човек на земјата Усеин Болт може да си замине од руската престолнина со  340.000 долари. Доколку тој ги освои златните медали на 100 и 200 метри, што би било најнормално нешто (120 000), дополнето со 2 светски рекорди што е доста тешко да се постигне (200.000) и ако штафетата на Јамајка 4 по 100 метри повторно е најбрза (уште 20.000).

ИААФ е најмасовната не само спортска организација во светот со своите 212 држави членки. Во редовите на ИААФ има острови и територии, непризнати за самостојни држави, но со свои атлетски здруженија. Рекордни 206 земји ќе парадираат со своите тимови на „Лужники“ вечерва.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП