Астролозите велат дека овие три знаци најчесто се карактеризираат како „чудни“.
Водолија
Не го разбирате тој јазик на иднината? И не се мачете, залудно е. Водолијата има сериозни визии кои ќе се воспостави дека се реални и остварливи, но за неколку децении. Овој знак има високи ментални капацитети. Не би било лошо да забележите некои нивни идеи во вашиот потсетник, па доколку сте во можност да ги дешифрирате, еве ви можност да стигнете до „дрвото каде растат парите“, бидејќи Водолијата се труди да биде разбрана и не е заинтересирана за материјалните работи.
Риба
Иако важи за најемотивниот знак, Рибите во суштина се многу нестабилни. Сепак, нивните визии за иднината се скоро секогаш непогрешливо точни. Тие имаат пророчки способности. Погледнете ги припадниците на овој знак во очи, ако не им се изразито светли, мора да се многу чудни. Бидете сигурни дека нивната интуиција е развиена до тој степен што дури и со најубедливите лаги не можете да ги измамите.
Јарец
Овој знак е направен од санта мраз. Тој е несфатлив за околината поради недостаток на реакција и е имун на најдраматичните животни сцени и можности. Претежно луѓето се изненадени од нивната присебност и студенило. Од друга страна, и покрај сè, има луѓе кои многу ги сакаат. И тоа е она што збунува. Значи, да се разбере што чувствува овој чудак, значи да имаш натприродни способности.